Џанлуиџи Донарума направи значајна промена ова лето и Пари Сен Жермен го замени со поранешниот англиски шампион Манчестер Сити.
Италијанецот доби порака дека нема иднина на „Паркот на принцовите“, порака која ја прими и по која одлучи да замине на „Итихад“. Ова ќе биде нов предизвик за него, а легендарниот Едвин Ван Дер Сар верува дека одлично ќе се снајде.
Холанѓанецот има огромна почит за Донарума за кого смета дека е еден од тројцата најдобри голмани во Европа и светот.
- Тој е еден од најсилните, како што беше и Нојер од Баерн во последните години пред неговата повреда. Меѓу моите омилени се и Едерсон и Алисон, - истакнал Едвин за „Газета Дела Спорт“.