[ФОТО] Прогласени најубавите и најгрдите автомобили на светот – ќе се изненадите кога ќе видите кој е на дното од листата

Точка

16/09/2025

13:15

1.752

Големина на фонт

а а а

Анализирани биле дури 50 модели, земајќи ги предвид деталите како должина на возилото, распоред на светлата, ознаките и други каросериски карактеристики.

Велат дека убавината е во окото на набљудувачот, но кога станува збор за автомобилите, очигледно дека сепак постојат модели кои речиси кај сите предизвикуваат восхитување, како и оние кои добиваат целосно поразлични реакции.

Иако вкусот е различен од човек до човек, едно меѓународно истражување официјално ги прогласило најубавите и најгрдите автомобили на светот.

Резултатите, како што велат авторите на истражувањето, се многу интересни, па можеби кај дел од луѓето ќе го сменат мислењето, а кај други ќе го потврдат она што отсекогаш го мислеле.

Компанијата „Vanarama“ го спровела ова истражување врз основа на „златниот пресек“, математичка пропорција која со векови се користи во уметноста и архитектурата како мерка за естетско совршенство.

Секој автомобил бил оценуван според два клучни критериуми – вкупни димензии на возилото и визуелни пропорции, односно обликот на линијата.

Анализирани биле 50 модели.

Најубави автомобили според истражувањето

„Audi A3“, 83 поени

Оценет е како најубав секојдневен автомобил со исклучителна естетска складност.


„Volkswagen Golf“ и „Vauxhall Mokka“, 80 поени

Два модели кои го делат второто место, благодарение на привлечниот дизајн којшто ја освојува пошироката публика.


„BMW“ серија 1, 78 поени

Препознатливиот и впечатлив изглед на овој автомобил му го донел ова високо место.


„Mercedes-Benz“ А-класа, 77 поени

Елегантната и софистицирана линија на каросеријата го издигнала високо на листата.


„Opel Astra“, 76 поени

Балансот на практичноста и убавиот дизајн направил овој автомобил да остане меѓу фаворитите.


Најгрдите автомобили, според истражувањето

„Kia Picanto“, 7 поени

На самото дно од листата, оценет како најгрд автомобил. Анализата вели дека е „светлосни години“ оддалечен од златниот пресек поради што делува помалку привлечен за човечкото око.


„Citroën C1“, 12 поени

Иако често го гледаме на улиците, овој градски автомобил не поминал добро кога станува збор за естетиката.


„Kia Sportage“, 15 поени

Третото место на листата најгрди автомобили го зазел овој популарен SUV, иако неговата продажба во Европа кажува нешто друго.