Ливерпул вечерва ќе го пречека Атлетико Мадрид од 21 часот во Лигата на шампионите.
На прес конференцијата пред натпреварот, тренерот на тимот од Мадрид, Диего Чоло Симеоне рече дека неговиот тим ќе даде се од себе против „исклучителниот Ливерпул“.
„Јорганџиите“ ќе му се спротивстават на Ливерпул без пет исклучително важни играчи.
„Треба да гледаме позитивно, играчите што ќе играат ќе имаат можност да покажат што можат. Дел од фудбалот е тоа што ви недостасуваат некои играчи. Ние се фокусираме на играчите што ги имаме“, е практичен Симеоне.
„Ќе играме против исклучителен тим на величествен стадион, против менаџер кој го однесе тимот на следното ниво. Тие беа многу добри во Лигата на шампионите минатата сезона. Ја освоија Премиер лигата. Имаме тежок противник, но ќе се обидеме да им го отежниме колку што можеме“, додаде тој.
„Ливерпул е директен, многу брз во транзицијата, игра многу јасно, има одлични играчи на сите позиции. Едноставноста на играта не е нешто што секој го гледа, но ви покажува како работат и колку се добри нивните играчи“, заклучи тој.
Симеоне нема да може да смета на Хулио Алварез, Тијаго Алмада, Хозе Марија Хименез, Алекс Баена и Џони Кардосо.