[ВИДЕО] 48 милиони прегледи: Ди-џеј со торта погодил обожавателка в лице, нејзината реакција стана хит

Точка

17/09/2025

15:17

485

Големина на фонт

а а а

Една обожавателка за време на концерт била директно погодена со торта в лице и додека многумина на нејзино место би биле бесни, други ја гледаа целата ситуација сосема поинаку.

Инцидентот се случил во првиот ред на настапот на познатиот американски диџеј и музички продуцент, Стив Аоки.

Вирално видео со торта

За оние кои не знаат, фрлањето торти врз обожавателите стана негов заштитен знак, а еден таков момент неодамна бил забележан со камера и споделен на ТикТок, каде што брзо стана вирален, собирајќи дури 48 милиони прегледи.


Видеото ја прикажува тортата како лета од сцената кон публиката зад металната ограда. Десертот ја погодил обожавателката директно в лице, предизвикувајќи таа на момент да изгуби рамнотежа и да падне. Меѓутоа набрзо станала и воодушевено погледнала кон камерата, додека остатокот од публиката навивал.

Поделени реакции

Корисниците на ТикТок изразија поделени мислења во коментарите. Додека некои немаа поим дека ова е вообичаен дел од настапите на диџејот, други истакнаа дека жената, како и секој обожавател на Стив Аоки, требало да знае што да очекува.

„Би плачел, не е смешно“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Дали сум единствениот што би бил бесен!?“ Трет праша: „Никогаш не сум слушнал за ова. Дали луѓето се возбудени што ќе ги погоди торта?“.

Многумина застанаа во одбрана на диџејот

Обожавателите на диџејот брзо застанаа во негова одбрана, објаснувајќи ја оваа необична практика. „Сите овие коментари: Кажете ми дека не го познавате Стив Аоки, без да ми кажете дека не го познавате Стив Аоки“, гласеше еден коментар.


Многумина се согласија. „Стив Аоки е познат по тоа. Па, ако одите на неговиот концерт и стоите во првиот ред… мислам …“, и „За младите луѓе, огромна привилегија е ако Стив Аоки фрли торта врз вас“, се само некои од коментарите. Сепак, имаше и такви на кои не им се допаднала идејата: „Никогаш не би можел да одам на концертот на Стив затоа што мразам да бидам валкан, а ова е мојот најлош кошмар“.

Познат по невообичаени настапи

47-годишниот уметник, кој има седум успешни албуми зад себе е познат по своите соработки со бројни музичари и бендови, вклучувајќи ги „will.i.am“, „Blink-182“, Луис Томлинсон, Иги Азалија, Линкин Парк, „Backstreet Boys“ и „Afrojack“.


Неговата кариера започна импресивно – неговиот деби албум „Wonderland“ му донесе номинација за Греми награда во 2013 година за најдобар денс/електронски албум. Аоки е познат и како страстен изведувач чии настапи се исполнети со разни акробации, од акробатски „crowd surfing“ до контроверзното фрлање торти.