Две деца од 12 години и еден 14-годишник фатени во центарот на Скопје при кражба

Макфакс

18/09/2025

12:14

130

Големина на фонт

а а а

Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје.

Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет.

Парите и остриот предмет се пронајдени, а малолетниците се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава