Фон дер Лајен: На ​​ЕУ ѝ се потребни договори со Индија за да ја намали зависноста од САД

Макфакс

18/09/2025

12:33

129

Големина на фонт

а а а

Европската унија мора да бара трговски договори со земји како Индија за да ја намали зависноста, бидејќи повисоките царини за увоз од САД го принудуваат блокот да ги диверзифицира своите врски, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Сакаме да постигнеме договор со Индија оваа година“, рече фон дер Лајен на конференција со германски бизнис лидери, додавајќи дека индискиот премиер Нарендра Моди ја уверил во својата посветеност на целта во телефонски разговор.

– Во преговори сме со Република Јужна Африка, Малезија, Обединетите Арапски Емирати и други – додаде таа.