Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и славеше над Наполи со 2-0 во средбата од групната фаза во Лигата на шампионите.
Домаќините беа далеку поконкретни, ја искористија предноста од играч повеќе која ја имаа од 21 минута и дојдоа до трите посакувани бода.
Халанд и Доку беа стрелци на погодоците во 56 и 65 минута, а голот на Норвежанаецот донесе и нов рекорд, историја во елитното натпреаврување.
Ова за Ерлинг беше 50 погодок во ЛШ и стана играчот кој најбрзо успеал да дојде до оваа бројка на најголемата клупска фудбалска сцена. На него му беа потребни само 49 натпревари дури 13 помалку од Руд Ван Нистелрој кој го држеше досегашниот рекорд.
Напаѓачот дојде до 50 гола во дресовите на Сити, Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг, 34 беа со левата нога, 11 со десната, а 5 дојдоа со удари со глава.