[ВИДЕО] Инцидент пред болницата во Прилеп: Избила масовна тепачка, полицијата пукала – уапсени 13 лица

Точка

19/09/2025

15:19

2.579

Големина на фонт

а а а

МВР соопшти дека денеска околу 12 часот пред Градската општа болница „Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица. Во пресметката биле користени дрвени и други предмети.

„Околу 12.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети. На местото се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од нив испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол“, велат од полицијата во Прилеп.

Врие од претставници на МВР пред болница - неофицијално две поголеми групи наоружани со огнено и ладно оружје сакале да се пресметаат меѓу себе?


Очекувајте повеќе информации!

Posted by Маркукуле.мк on Friday, September 19, 2025

Во Полициска станица Прилеп се приведени 13 лица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходно, порталот „Маркукуле“ објави видео на кое се забележува зголемено полициско присуство во дворот и околу прилепската болница.