„OnlyFans“ ѕвездата која тврди дека е девица откри какви особини треба да има нејзиното момче: Не барам многу

Супермен

03/10/2025

22:25

4.108

Големина на фонт

а а а

„OnlyFans“ ѕвездата од Мајами, Софи Рејн, тврди дека е девица, а има долг список на работи што потенцијалниот партнер треба да ги направи за да биде во врска со неа.

Таа се смета себеси за „најнедостижната жена на светот“ и сака нејзините додворувачи да прават повеќе од минимумот.

„Не барам многу, само одбивам да се задоволам со помалку од она што го заслужувам и нема да го прифатам минимумот. Луѓето мислат дека сакам момче милијардер затоа што сум успешна, но тоа всушност не ме интересира. Добро се снаоѓам сама“, изјави таа за „Џем Прес“.


Софи исто така рече дека е свесна дека убавината бледнее, дека парите доаѓаат и си одат, но дека карактерот на една личност трае засекогаш.

„Моите принципи се прилично едноставни: искреност, амбиција и лојалност и сакам тој да биде духовит. Ако не можеш да ги исполниш овие четири барања, тогаш не си вистинскиот“, рече таа.


Рејн не сака да биде во врска со маж кој не ја почитува работата со која се занимава. Таа сака самоуверен партнер кој знае дека нејзиното присуство на „OnlyFans“ не ја загрозува нивната врска.

„Би сакала да најдам некој кој дури и не знае со што се занимавам и кој ќе ме запознае каква што сум, а не врз основа на она што го чита на интернет“, истакна Софи.


Меѓутоа тоа може да биде тешко, со оглед на фактот што таа е една од оние со највисока заработка на платформата за возрасни. Претходно изјави дека за помалку од една година заработила помалку од 4,7 милиони долари, и рече дека ѝ е чудно што луѓето не веруваат дека е девица.

„Не познавам многу луѓе на мои години кои сè уште се девици. Дефинитивно понекогаш се чувствувам како отфрлена. Сексот е важен, но за мене љубовта и посветеноста се на прво место, па затоа сакам мојот прв пат да биде со мојот сопруг. Некои луѓе мислат дека тоа е старомодно, но јас го гледам тоа како спознавање на сопствената вредност“, нагласи Софи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk