Лионел Меси не постигна ниту еден од шесте гола за Аргентина на пријателскиот натпревар против Порто Рико, но затоа беше задолжен за креацијата на светските шампиони и одговори извонредно како креатор на играта.
Ѕвездата на Интер Мајами ја искористи оваа репрезентативна пауза за да одигра еден натпревар за Аргентина (одмораше против Венецуела), но истиот му донесе и еден рекорд кој доволно говори за неговата несебична игра во целата кариера.
Меси рано утрово запиша две асистенции во победата од 6:0 и асистираше при погодоците на Монтиел и Лаутаро Мартинез, а на тој начин, стана фудбалерот со најмногу репрезентативни асистенции во историјата.
Досега овој рекорд беше во сопственост на Нејмар (59), но двете асистенции на Лео против Порто Рико направија тој да избие на чело на листата со вкупно 60.
Исто така, Меси дојде на само две асистенции од една неверојатна бројка, односно од 400 асистенции во импресивната играчка кариера.
🚨 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋: 𝐌𝐄𝐒𝐒𝐈 𝐁𝐑𝐄𝐀𝐊𝐒 𝐓𝐇𝐄 𝐑𝐄𝐂𝐎𝐑𝐃 𝐎𝐅 𝐌𝐎𝐒𝐓 𝐈𝐍𝐓𝐄𝐑𝐍𝐀𝐓𝐈𝐎𝐍𝐀𝐋 𝐀𝐒𝐒𝐈𝐒𝐓𝐒 𝐈𝐍 𝐇𝐈𝐒𝐓𝐎𝐑𝐘 🎁
— 433 (@433) October 15, 2025
Assist 5️⃣9️⃣ and 6️⃣0️⃣ for Argentina — he’s now the all-time assist leader in international football! 🏆
6️⃣0️⃣ 🅰️ Lionel Messi 🇦🇷
5️⃣9️⃣ 🅰️… pic.twitter.com/P1Su3ysGqa
Асистенциите погледнете ги ТУКА.