Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора упати јавна морална осуда за однесувањето на д-р Игор Кузмановски прикажано на видеоснимка на социјалните мрежи оценувајќи дека е спротивно на морално-етичките стандарди на професијата. Информираат дека тоа е со цел да се заштитат интегритетот и угледот на лекарската професија бидејќи однесувањето прикажано на снимката ги нарушува довербата во професијата и не е во согласност со високите морално-етички стандарди што се очекуваат.
Од Комората соопштија и дека по разгледувањето на документацијата, нема евидентирани претставки за етички пропусти поврзани со Кузмановски, но ќе се чекаат извештаите од Министерството за здравство и од Клиниката за неврологија за конечнен заклучок за понатамошно постапување во однос на прекршувањето на етичките норми.
Лекарот и понатаму останува без активна лиценца.