Откако го напушти Ливерпул, Јирген Клоп беше многу јасен во своите изјави – повеќе нема да се занимава со тренерска работа. Но, тоа сигурно не значи дека Клоп не е во фудбалот. Покрај улогата што ја има во Ред Бул, Клоп сега има нова улога во германскиот фудбал.
Јирген Клоп ќе биде еден од членовите на експертската група на Германската фудбалска лига. Целта на ова советодавно тело ќе биде подобрување на германскиот фудбал и долгорочно зачувување на конкурентноста на германските клубови на домашната и меѓународната сцена. Фокусот ќе биде на развојот на млади играчи и на зајакнување на лигашкиот систем.
Заедно со Клоп, во Експертската група на ДФЛ се и Сами Кедира, кој беше светски шампион со Германија, Јохан Зауер како претставник на Баерн, Маркус Кросе, спортски директор на Ајнтрахт Франкфурт и уште неколку истакнати луѓе кои сè уште се во управните тела на Бундеслигата. Улогата во Експертската група не значи дека Колп се откажал од својата работа како глобален раководител на фудбалот во Ред Бул.
Во својата тренерска кариера, Мајнц и Борусија во Германија и Ливерпул во Англија. Со Дортмунд, тој двапати ја освои Бундеслигата и Купот на Германија, а со Ливерпул Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, ФА Купот, два Лига купа и Суперкупот на УЕФА.