Мисајловски: Очекуваме историска победа за Орце, ВМРО-ДПМНЕ со градоначалници во поголем број општини, СДСМ сака да си го оправда изборниот дебакл

Макфакс

19/10/2025

21:40

1.662

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, кажа вечерва потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски.

„Разликата е некаде три спрема еден а има општини каде што е десет спрема еден а во некои општини СДСМ е трета партија“, додаде тој.

Истакна дека се избрани градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, во Сопиште, Штип, Велес, Бутел Аеродром, Јегуновце, Вевчани и на многу други места.

„Гласовите се пребројуваат, а резултатите укажуваат на водство. На прагот сме на убедлива победа во Струмица. Орце води убедливо за Скопје. Во однос на споменатите нерегуларности од страна на СДСМ, разликата е толку убедлива и огромна што нема простор за ваквото алиби на СДСМ со која сакаат да се оправдаат од изборниот дебакл. Изворот и причините за својот дебакл треба да си го бараат во сопствените редови“.

Што се однесува до ДУИ, Мисајловски додава дека оваа партија очигледно е декласирана.

„Али ќе има време да си го анализира својот пораз“.

Победата оценува тој е резултат на многу работа, посветеност и одобрување на политиките кои ги води неговата партија.