Големото романско дерби меѓу Динамо и Рапид Букурешт заврши со победа на гостите со резултат 0:2, а иако головите беа постигнати во завршната фаза, овој натпревар донесе и еден момент кој стана посебно вирален во Романија, пред се поради начинот на кој Елвир Кољиќ се снајде во сопствениот шеснаесетник.
Босанскиот напаѓач обично е задолжен за тресење на противничките мрежи, но овојпат се покажа извонредно и во улога на стопер, режирајќи потег кој донесе огромна радост меѓу фановите на Рапид.
Кољиќ се најде во ситуација да го брани сопствениот гол и спречи чист погодок за Динамо во првото полувреме, но начинот на кој го направи тоа беше навистина сензационален.
Босанецот режираше луда акробација и со пета ја отстрани опасноста кога речиси сите ја видоа топката во голот, па не е чудно што овој потег и избран како хајлајт на дербито и покрај двата постигнати гола.
Рапид со победата од 0:2 изби на делба на првото место на табелата во Романија, додека Динамо останува четвртопласиран.
Great clearance by Rapid Bucharest's striker, Elvir Kolic, to deny Dinamo a goal
byu/wo0tfl20 insoccer