[ВИДЕО] Куче помошник намирисало опасност и го спасило момчето кое било на другиот крај од куќата: „Никогаш не греши“

Точка

20/10/2025

21:22

816

Големина на фонт

а а а

Кучињата помошници се вистински херои кои секојдневно им ги спасуваат животите на своите сопственици, а приказната за кучето Дaки и момчето Велс тоа само го потврдува.

Имено, овој неверојатен англиски кокер шпаниел може да ги почувствува промените во нивото на шеќер во крвта на момчето дури и од импресивна далечина.

Брза реакција на кучето помошник

Велс е момче кое живее со дијабетес тип 1 и со вроден недостаток на сахароза-изомалтаза. И покрај неговата здравствена состојба, тој живее среќен и исполнет живот, за што голема заслуга има и неговото куче помошник Дaки. Дaки е специјално обучено куче за дијабетичари, што значи дека е обучено за да открие опасно ниско или високо ниво на шеќер во крвта на својот сопственик. Но, еден неодамнешен настан ја изненади дури и неговата фамилија.


Имено, на 12 октомври, Дaки ја предупредил мајката на Велс за ниско ниво на шеќер во крвта кај нејзиниот син, иако тој се наоѓал на спротивниот крај од куќата. Иако не можел да го види момчето, Дaки прв почувствувал дека нешто не е во ред. Кога мајка му го измерила шеќерот и потврдила дека Дaки бил во право, со гордост изјавила: „Ова куче никогаш не греши“.

Благодарение на неговата брза реакција, таа успеала да интервенира пред да се појават посериозни симптоми. За добро извршената работа, Дaки бил награден со закуска.

Неверојатното кучешко сетило за мирис

Според експертите од „VCA Animal Hospitals“, сетилото за мирис кај кучињата е до 10.000 пати почувствително од она кај луѓето, пишува „Pet Helpful“. Кучињата не детектираат само мириси, туку и хемиски промени во телото на нивните сопственици, што му овозможува на Дaки да открие медицински проблем пред тоа да го направи која било технологија.