Променливо облачно со сончеви периоди ќе преовладува во земјава денеска, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 2 Целзиусови степени во Маврово, до 10 степени во Струмица и Гевгелија.
Дневните температури ќе се движат од 12 степени во Маврово, 18 степени во Скопје, до 19 Целзиусови степени во Велес.
УХМР за следниве денови прогнозира период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.
Утре ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Температурите утре во текот на денот утре ќе се движат помеѓу 12 до 19 Целзиусови степени.