ВМРО-Народна за изборите: Коректна и фер атмосфера

Макфакс

21/10/2025

11:54

142

Големина на фонт

а а а

ВМРО-Народна партија им честита на сите политички партии за покажаниот демократски капацитет при реализацијата на предизборната кампања како и првиот изборен круг кој помина, како што оценуваат од оваа партија, во претежно коректна и фер атмосфера.

„ВМРО-Народна партија како активен учесник со свои кандидати покрај коалицијата со СДСМ, настапи и со свои листи во три општини и тоа: во општина Илинден со освоени 7.50% и еден советнички мандат, во општина Чешиново-Облешево 6.40% и еден советнички мандат, како и освоени 4% со градоначалничкиот кандидат во Тетово, Стевица Саркоски.

Напоменуваме дека овој резултат покрај секојдневната работа на теренот како и активното учество во политичките процеси изминатите четири години е постигнат без никакви реклами и нула проценти маркетинг.

ВМРО-Народна партија им благодари на сите членови, симпатизери и пријатели за добиените гласови како и искажаната доверба која ни дава нови сили и енергија да продолжиме да ја чуваме, како единствена партија, изворната идеологија на ВМРО, но и да се бориме како достоинствена опозиција и коректор на политиките на Власта“.