Пејачката Нели Фуртадо се повлекува од сцената. Канадската музичка ѕвезда веста ја споделила во емотивна објава на Инстаграм, наведувајќи дека и покрај неизмерната благодарност на кариерата долга 25 години, дошло време да се повлече и да се посвети на други креативни и лични потфати.
„Ви благодарам за ова патување“, им порачала на обожавателите истакнувајќи дека иако престанува со настапите во живо, секогаш ќе пишува песни.
Преглед на 25 години кариера
Нејзината искрена објава била проследена со фотографии на кои има 20 години, направени пред првиот професионален настап на „Lilith Fair“ и исечок од концертот во Берлин летово. Тој момент го опишала како оној во којшто „конечно сфатила што значи да се добие цвеќе“, додека публиката го скандирала нејзиното име.
Присетувајќи се на своите почетоци, Фуртадо напишала:
„Розовиот фустан го купив во продавницата „Original“ на Квин Вест во Торонто, заедно со блескавите чевли на платформа за таа прилика. Тоа беше толку значајно“.
Нова генерација обожаватели
Во повод 25-годишнината од својот дебитантски албум „Whoa, Nelly!“, пејачката се осврнала на долговечноста на својата музика.
„25 години подоцна, мојата музика допре до целосно новите генерации обожаватели и не би можела да бидам посреќна заради тоа“, изјавила пејачката.
„Никогаш не можев да претпоставам дека ќе постојат толку нови начини за откривање на старата музика во 2025 година“, додала таа, изразувајќи благодарност што „толку многу луѓе повторно ги откриле нејзините песни“, а опишувајќи го тоа искуство како „надреално и радосно“.

Пред простувањето, Фуртадо се заблагодарила на сите кои некогаш ја слушале нејзината музика и присуствувале на било кој од нејзините концерти, како и на оние кои напорно работеле за да ѝ помогнат да го оствари својот сон.
За крај порачала: „Исто така сакам на новата генерација уметници да ѝ се заблагодарам за нејзините настапи“.












