Реал Мадрид по подолго време излезе како победник во шпанското дерби со Барселона, победа со која ја зголеми предноста на табелата во однос на лутиот ривал од Каталонија.
„Кралевите“ славеа со 2-1, а по последниот судиски свиреж видовме „клинч“ меѓу играчите на двете екипи, препирка која ја започнаа домашните играчи како одговор на коментарите кои Ламин Јамал ги даде пред самиот натпревар.
За разлика од Карвахал, Куртоа, Винисус Жуниор…кои се обидоа да тераат своја правда и да го искористат моментот на победата да му одговорат на напаѓачот на Барселона, Чуамени има поразличен став за целата ситуација.
- Ми се допаѓа тоа. На крајот од натпреварот, видовме малку нешто меѓу играчите. Тоа ни помага како играчи да се натпреваруваме против Барса. Кога бев мал, и јас ги гледав тие работи. Не грижете се, на крајот го добивме мечот и вреди три бода, но мора вака да продолжиме.
- Лично, ми се допаѓа тоа. Тоа се само зборови и нема лоши намери. Особено со решителноста и сè тоа, ни помогна малку повеќе. Како што реков, ми се допаѓа тоа. Ако Ламин сака да зборува… На крајот, играта се игра на теренот. Денес победивме, но мора да продолжиме да се подобруваме. Многу сме задоволни од играта и одиме понатаму, - порача Французинот.







