Ѕвездата на серијата „Frasier“ на 70 години стана татко по осми пат: Со сопругата Кејт Волш доби син

Точка

28/10/2025

13:59

786

Големина на фонт

а а а

Актерот Келси Грамер (70), најпознат по својата улога во серијата „Frasier“, стана татко по осми пат. Со сопругата Кејт Волш неодамна доби син, кому му го дадоа името Кристофер.

Веста ја објави вчера, за време на гостувањето во поткастот „Pod Meets World“, изненадувајќи ги водителите и слушателите.

„Се случи пред три дена. Кристофер штотуку му се придружи на нашето семејство“, изјави 70-годишниот актер со насмевка.

Ова е осмо дете на славниот актер и четврто кое го има со својата сопруга Кејт Волш. Двојката веќе има три деца – ќерката Фејт (13), синот Габриел (11) и синот Џејмс (8).


Грамер првпат стана татко во далечната 1983 година, кога со тогашната сопруга Дорин Олдерман ја доби ќерката Спенсер, која денес има 43 години. По нивниот развод во 1990 година, со тогашната девојка Бери Бакнер ја доби ќерката Грир (33).

По краткиот брак со Ли-Ен Чухани, Келси се ожени со Камила Грамер, позната по емисијата „Real Housewives of Beverly Hills“. Заедно имаат две деца – ќерката Мејсон (23) и синот Џуд (20). Двојката се разведе во 2011 година, но останаа во коректни односи поради децата.

За време на бракот со Камила, Келси ја започна врската со поранешната стјуардеса Кејт Волш, со која се венча во февруари 2011 година во Њујорк. Оттогаш живеат повлечен, семеен живот.

Да потсетиме, веста дека очекуваат осмо дете се појави во јуни годинава, кога папараците во Лондон ја фотографираа Кејт со труднички стомак, облечена во лелеав син фустан и светол кардиган.


Тогаш извор близок до двојката за „Daily Mail“ изјави дека Грамер бил воодушевен што повторно ќе стане татко.

„Беше неверојатно внимателен кон Кејт за време на бременоста. Иако бебето не беше планирано, овој момент внесе нова енергија во нивниот брак“, изјави изворот.

Грамер претходно призна дека неговиот семеен живот „страдал поради работата“, но во интервју за „The Guardian“ во 2018 година рече дека сега има можност „сè да проба повторно“.