Талески си замина од Вардар 1961

Макфакс

30/10/2025

19:01

409

Големина на фонт

а а а

Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Талески, си замина од Вардар 1961.

Левиот бек, минатото лето се врати во Вардар 1961, но овој пат неговиот престој заврши по само неколку месеци.

Талески побарал од клубот договорот спогодбено да му биде раскинат и веќе се поздравил со соиграчите. Не бил задоволен од минутажата и улогата што ја има во тимот.

Левиот бек имал намера да остане во Македонија, но не успеал да се договорои со ГРК Охрид. Сега опција за Талески е преселба во Кувајт