Деклан Рајс и Моисес Каиседо се двајца играчи за кои доста се зборува кога е во прашање Премиер лигата, првиот донесе стабилност на средината на теренот за Арсенал по преселбата од Вест Хем, вториот пак е импресивен пред се во оваа сезона и многумина сметаат дека во моменто е најдобар на неговата позиција во шампионатот.
Меѓутоа легендарниот Пол Сколс иако ги почитува овие двајца сепак не ги става при врвот на неговата листа на играчи од средината на теренот.
- Ме критикуваат затоа што направив топ 5 листа пред некое време, а не ги ставив играчите како Каиседо или Рајс затоа што сакам различен тип на играч од средниот ред.
- Витиња во ПСЖ е брилијантен, тој е неверојатен. Мислев дека МекАлистер во Ливерпул минатата година беше брилијантен, знам дека не започна толку добро оваа сезона. Но, ми се допаѓа тој поконтролирачки играч од средниот ред кој може да направи по малку од сè, а не само дефанзивен играч кој можеби ќе постигне по некој гол. Ми се допаѓа попрогресивниот тип, - порача Сколс.
 
                                






