Тренер на Јувентус, а тетоважа од Наполи – не може тоа така

Точка

31/10/2025

17:54

658

Големина на фонт

а а а

Новиот тренер на Јувентус, Лучано Спалети, ќе мора да ја отстрани својата тетоважа доколку навистина сака да седне на клупата на торинскиот клуб.

Тоа е ставот на навивачите на „Старата дама“, кои се многу остри по прашањето на тетоважата на италијанскиот тренер – на неа е истетовиран грбот на Наполи.

Спалети ја направил тетоважата по освојувањето на титулата со клубот од југот на Италија.

На навивачите на Јувентус тоа воопшто не им се допаѓа, па му поставиле ултиматум: италијанскиот стратег мора итно да ја отстрани тетоважата доколку сака да го води тимот.

Новиот тренер на црно-белите потпиша договор до крајот на јуни 2026 година, со опција за автоматско продолжување на соработката доколку со Јувентус избори пласман во Лигата на шампионите.