Пецаков: Охрид не само што ќе изгледа поинаку туку ќе има и многу подобри услови за сите жители и за сите туристи

Макфакс

03/11/2025

13:36

231

Големина на фонт

а а а

Кирил Пецаков го почнува вториот мандат како градоначалник на Охрид. Тој најави дека Охрид не само што ќе изгледа поинаку, туку ќе има и многу подобри услови за сите жители и сите туристи.

„За мене е голема обврска и чест да продолжиме заедно по патот на успехот и да работиме за подобра иднина за нашите поколенија. ‎Реализиравме многу проекти кои што значат за Охрид и стратешки го менуваат, а така продолжуваме и во вториот мандат. Имаме 10 нови капитални проекти на кои ќе се надополни и финиширањето на четири проекти, кои беа ветени во претходниот мандат. Станува збор за сериозна промена на сето она што ние го перцепираме во Охрид, првично за охриѓани и за сите оние кои што доаѓаат и уживаат во неговите убавини. ‎Пред нас следува инвестициски период кој верувам дека ќе заврши успешно, односно за многу работи за кои што охриѓани разговарале, побарувале и било како насушна потреба во изнинативе 30 години, ќе се остварат, ќе се завршат и сметам дека Охрид не само што ќе изгледа поинаку, ќе има и многу подобри услови за сите жители и сите туристи кои го посетуваат“, рече Пецаков.