Еванс откако ја заврши втората етапа во Јунајтед: Двајца соиграчи секогаш отсконуваа од останатите

Дерби

04/11/2025

14:51

336

Големина на фонт

а а а

Џони Еванс стави официјален крај на кариерата откако ја приведе до финиш и својата втора изненадувачка етапа во Манчестер Јунајтед, договор по чиј истек доби директорска функција во клубот како раководител на одделот за фудбалски позајмици.

Легендарниот стопер имаше можност да почувствува и да искуси две сосема различни периоди во клубот од соништата, а сега во период кога може да ги сумира впечатоците, Еванс вели дека секогаш при срце посебно ќе му бидат двајца соиграчи.

– Отсекогаш сум мислел дека Сколс и Гигс се играчи кои беа ниво над останатите во тимот, а тоа ми се потврди и во втората етапа со нова генерација на фудбалери.

– Иако имавме светска класа играчи постојано во тимот, секогаш сметав дека фудбалската интелигенција на Сколс и Гигс е на повисоко ниво од останатите.

– Кога ги гледавме на тренинзите, правеа работи кои останатите фудбалери не можеа да ги замислат. Имаше работи кои не знаев дека постојат во фудбалот. Никогаш не го достигнав тоа ниво, – вели Еванс.