Карло Анчелоти сега ја гледа Лигата на шампионите од друг крај на светот, но како стручњак кој постави историја во ова натпреварување, си даде за право да издвои четири фаворити за трофејот уште во раната фаза на месец ноември.
Бразилскиот селектор се навикна да го освојува престижниот трофеј како тренер на Реал Мадрид, па покрај својот сакан клуб, во потесниот круг за највисок пласман ги вброја и ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн Минхен.
– Гледано од другата страна на светот, Лигата на шампионите сè уште ги има вообичаените фаворити. Тоа се Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн Минхен.
– На досегашните натпревари гледавме доста дуели, но неколку сензационални резултатите не тераат да ги гледаме натпреварите со помал интерес.
– Оваа прва фаза во Лигата на шампионите доби проширување и нов формат за да биде поинтересна, но сметам дека засега тоа не е така. Мора да го прифатиме тој факт, – изјави Анчелоти кој од прв ден не е голем фан на новиот формат кој го воведе УЕФА.
Карло во своето обраќање не го наброја Арсенал, без оглед на тоа што голем број експерти гледаат на „топчиите“ како изразит фаворит за титулата како тим кој е лидер во Лигата на шампиони и во Премиер лигата.






