[ВИДЕО] Сопругата на убиениот Чарли Кирк за последните моменти со него: „Не го бакнав за збогум“

Макфакс

06/11/2025

21:31

941

Големина на фонт

а а а

Ерика Кирк, сопруга на убиениот американски активист Чарли Кирк, во емотивно интервју за „Фокс њуз“ зборуваше за нивните последни моменти пред убиството во септември за време на неговиот говор на Универзитетот во Јута Вали.

Таа се присети дека последната ноќ била мирна и семејна кога нивната ќерка Џиџи им се придружила во креветот, па Чарли заминал да спие во друга соба.

„Му реков: „Оди спиј во нејзината соба, сакам добро да се наспиеш. Ќе го вклучам клима-уредот за да ти биде удобно. Само одмори се за да бидеш подготвен утре.

.Утредента тој влегол во тоалетот тивко, ја зел бурмата и не ја разбудил по што заминал.

„Не го бакнав ни за збогум“, изјави Ерика со треперлив глас.

Ерика често е под лупа на јавноста, а во истото интервју им одговари на критичарите што го анализираат секој нејзин потег. Нејзината реакција дојде откога прегратката со потпретседателот Џ. Д. Венс беше опишана како несоодветна на социјалните мрежи.

„Камерите беа околу мојот сопруг кога беше убиен. Камерите беа околу моите ужалени пријатели и семејството. Камерите беа околу мене анализирајќи го секој мој потег, анализирајќи ја секоја моја насмевка, секоја моја солза“, рече таа.