[ВИДЕО] Големото интервју на Трамп за „60 минути“ цензурирано: Што сè беше исечено

Макфакс

06/11/2025

17:32

1.095

Големина на фонт

а а а

Емисијата „60 минути“ на Си-би-ес драстично го скрати интервјуто со Доналд Трамп, што се емитуваше во неделата вечерта отсекувајќи ги клучните делови во кои поранешниот претседател се фалеше со финансиска спогодба што ја добил од таа медиумска куќа.

Од 90-минутното интервју со новинарката Нора О’Донел беа емитувани речиси 28. Тоа беше неговото прво интервју во емисијата по пет години, објавува „CNN“.

Уредувањето на интервјуто е особено значајно бидејќи точно пред една година Трамп го тужеше Си-би-ес за она што тој го тврдеше дека е погрешно монтирање интервју со тогашната потпретседателка Камала Харис за да ѝ помогне да победи на претседателските избори.

Иако правните експерти ја отфрлија тужбата како неоснована, Си-би-ес се договори со Трамп во јули за 16 милиони долари. Како дел од спогодбата, мрежата се согласи да објави транскрипти од идните интервјуа со претседателските кандидати, а целиот транскрипт и проширената верзија од ова интервју беа објавени онлајн.

Неемитувана провокација

Во делот од интервјуто што не беше емитуван на телевизија Трамп го провоцира Си-би-ес за спогодбата и ги повтори своите обвинувања.

„Всушност, ’60 минути’ ми плати многу пари. И не мора да го емитувате ова бидејќи не сакам да ве засрамам, а сигурен сум дека не сакате“, рече Трамп.

„Но, ’60 минути’ беше принудена да ми плати многу пари бидејќи го отстранија нејзиниот одговор што беше толку лош, што ги промени изборите, две ноќи пред нивното одржување. И ставија нов одговор. И ми платија многу пари за тоа. Не можете да имате лажни вести. Мора да имате легитимни вести. И мислам дека тоа се случува“, рече Трамп.

Кратења и на други теми

Меѓу многуте кратења на одговорите имаше коментари во кои Трамп го доведуваше во прашање интегритетот на претседателските избори во 2020 година за кои повторно рече дека биле наместени и украдени.

Во еден од неемитуваните сегменти Трамп се обиде да ја натера О’Донел да признае дека криминалот во Вашингтон, каде што живее, е намален. „Ти живееш тука. И го знаеш тоа“, рече Трамп прашувајќи ја: „Дали ја гледаш разликата?“

„Мислам дека работев премногу“, одговори О’Донел. „Не бев толку многу надвор… Седнувам во мојот автомобил и одам на работа и си одам дома“. Трамп го нарече нејзиниот одговор нечесен, а потоа предложи дел од разговорот да не се емитува.

„Не мора да го користите тоа“, рече тој. „Не грижи се, не грижи се, не сакам да ја засрамам“.