Тухел врати две големи ѕвезди во англиската репрезентација

Дерби

07/11/2025

14:16

502

Големина на фонт

а а а

Англиската фудбалска репрезентација веќе обезбеди пласман на СП 2026, но тоа не значи дека нема сериозно да им пристапи на последните квалификациски натпревари со Србија и Албанија.

Селекторот Томас Тухел се подготвува за балканските селекции, а денеска го објави и списокот на фудбалери на кои ќе смета во овој ноемвриски мини циклус.

Она што е најзначајно дека во националниот тим се враќаат Џуд Белингам и Фил Фоден, двајца важни фудбалери за „трите лава“ и играчи кои во моментов настапуваат во одлична форма за своите клубови.

Џек Грилиш и Трент Александар-Арнолд повторно извисија и ќе чекаат друга шанса, додека единствен дебитант на списокот е Алекс Скот од Борнмут.