Механизација на „Улици и патишта“ денеска го чисти коритото на Вардар од тиња и од ѓубре, а се чистат и косините на реката и централниот дел на кејот, во рамките на акцијата за генерално чистење на Скопје во првите 72 часа од мандатот на новиот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
Од теренските снимки и фотографии може да се забележи машинско отстранување на насобраниот кабаст и земјан материјал од централниот дел на реката, додека рачни екипи ги собираат пластичниот отпад и ситниот смет од косините.
„Во акцијата се вклучени сите екипи на ЈП ‘Улици и патишта’ Скопје со целосен работен капацитет. Ќе работиме до комплетно расчистување на просторот,“ информираа од претпријатието.
👉Продолжуваат активностите со машинско и рачно чистење на коритото и косините на река Вардар
📣Екипи на "ЈП Улици и...
Posted by ЈП „Улици и патишта“ - Скопје / NP „Rrugët dhe Rrugicat“ - Shkup on Saturday, November 8, 2025







