Шведска: Како теретаните станале места на собир на расисти и екстремни десничари?

Точка

21/11/2025

21:44

703

Големина на фонт

а а а

Четири членови на т.н. „активен клуб“ во Шведска беа осудени на затворска казна поради расистички напади.

Мажите, на возраст меѓу 20 и 23 години, беа прогласени за виновни во судење кое откри шема на собирање на екстремно десничарски активисти во теретани, пренесе „Гардијан“.

Четворица мажи во Шведска се прогласени за виновни за расно мотивирани напади и осудени на затвор по судењето кое откри растечки модел на собирање на крајнодесничарски активисти во фитнес клубови.

Мажите на возраст меѓу 20 и 23 години, биле членови на таканаречениот „активен клуб“. Ваквите клубови се лабаво организирани групи кои се состануваат во теретани и промовираат бел национализам, мизогинија и хипер маскулина идеологија, пренесе „Гардијан“.


Обвинителите тврдат дека четворицата, кои биле поврзани со организацијата „Active Club Sweden“, во текот на август избрале „лица од странско потекло“ како цели за напади во краток временски период во центарот на Стокхолм.

Во вторник, судот во Стокхолм утврди дека нивните постапки претставуваат злосторство од омраза и ги осуди на затворски казни од шест месеци до три години, со обврска да платат отштета. Еден маж беше осуден и за вандализам, вклучително и пишување симболи на крајната десница на излог на продавница.

Екстремната десница е присутна во Шведска долго време, но – како и во остатокот од Европа и САД – во последниве години е забележана драматична промена во доминантните групи, нивната структура, активности и методи на регрутирање, пренесе „Гардијан“ во март оваа година.

Бројот на активни групи на шведската крајна десница е највисок од 2008 година, според новиот извештај на шведскиот институт за борба против расизмот „Expo“. По неколку години пад, минатата година донесе зголемување на бројот на групи кои „привлекуваат нова генерација млади мажи кои ја изгубиле вербата во демократијата“. Насилството, се наведува во извештајот, игра сè поважна улога – „и реторички и во конкретни акти на насилство“.


Најголемата неонацистичка група во Шведска, Нордиското движење на отпорот (Nordiska motsåndsrörelsen, NMR), повеќе не е силата што некогаш беше. Нејзините активности беа сериозно погодени од минатогодишната одлука на САД да ја означат како терористичка организација, што резултираше со замрзнување на средства поврзани со САД и блокирање на пристапот до американскиот финансиски систем. Дополнително беше ослабена од вакуумот во лидерството и сè потешкиот процес на привлекување помлади мажи, додека членството старее.

Меѓутоа во меѓувреме се појавија многу нови, помали, поагилни и – за многумина – невидливи групи. Тие користат расистички мимови и насилни видеа за да привлечат нови членови на платформи како ТикТок, пред да го преместат разговорот на други, поприватни платформи.


Меѓу најуспешните е „Aktivklubb Sverige“, која делува како чадор организација во Шведска за пет помали групи низ целата земја, вклучувајќи ги и „White Boys Stockholm“. Домашната група „Gym XIV“ која се фокусира на физичка и насилна подготовка, исто така одиграла клучна улога во развојот на активното клупско движење во Шведска. И „Aktivklubb“ и „Gym XIV“ имаат развиено широки меѓународни врски низ Европа и САД – „Aktivklubb“ е дел од меѓународната мрежа „Active Club“, која во 2020 година ја основал американскиот крајно десничарски милитант, Роберт Рундо.