Во Векше, градските автобуси и возилата на општинската управа користат биогориво произведено од домашен органски отпад. Повеќе од 90 проценти од енергијата доаѓа од шумски нуспроизводи и слични материјали од околината: од струготини од локалните пилани до гранки што остануваат по сечењето дрва за производство на мебел...
„Речиси една деценија пред шведската климатска активистка Грета Тунберг воопшто да се роди, Векше тргнал по патот кон новата визија за зелен урбан живот“, пишува Би-би-си за илјадагодишниот град кој се наоѓа 450 километри југозападно од Стокхолм, во регионот Смоланд. Ќе го најдете во средината на зелен пејзаж прошаран со шуми и стотици езера. Областа позната и како Гласрикет (Кралство на стаклото) го добила својот прекар благодарение на бројните светски познати стакларници.

Освен поради производството на прекрасни кристални предмети од огнени печки, Векше е горд и на своето спротивставување на загадувањето. Овој компактeн град со помалку од сто илјади жители станал светски лидер во борбата против климатските промени. Векше поставил основа за нов концепт на урбан живот, кој подоцна го прифатиле и други градови ширум светот.
„Во 1996 година се наметна прашањето за живот во град без фосилни горива“, објаснува Хенрик Јохансон, еколошки експерт во Општина Векше за Би-би-си. Тогаш едногласно беше донесена одлука Векше да стане првиот град во светот кој се обврзува на целосна независност од фосилните горива. Денес таа цел се прошири во уште амбициозен план: климатска неутралност до 2030 година – дури 15 години пред целата Шведска да ја постави истата цел.
Луд град?
Визионерскиот потег на Векше од 1990-тите привлекол медиумско внимание од бројни новинари ширум светот кои доаѓале да го видат градот, кој Јохансон духовито го нарекува луд град кој сака да се ослободи од фосилните горива. Денес таков потег не делува ни малку лудо: емисиите на јаглерод диоксид по жител се намалени за повеќе од 70 проценти во однос на нивото од 1990-тите, додека бројот на жители се зголемил за една третина, а БДП по глава на жител се удвоил.

Во Векше, градските автобуси и возилата на општинската управа користат биогориво произведено од домашен органски отпад. Повеќе од 90 проценти од енергијата доаѓа од шумски нуспроизводи и слични материјали од околината: од струготини од локалните пилани до гранки што остануваат по сечењето дрва за производство на мебел.


Претстојните емисии на јаглерод главно потекнуваат од лични автомобили, бидејќи не сите возачи користат полначи за електрични возила и станици за полнење со биогорива како етанол, кои градот ги нуди во изобилство. Храбриот чекор кон трансформација се гледа и во архитектурата: Векше можеби е најдобар светски пример за град во кој големите објекти се изградени од дрво. Половина од сите нови згради мора да бидат изградени од овој природен материјал.

„Таквата средина од природни материјали не нуди само визуелно уживање, туку го подобрува и квалитетот на животот на жителите. Луѓето се чувствуваат подобро кога се опкружени со дрво“, нагласува архитектката Карин Хард Аф Сегерстад од водечката архитектонска фирма „Arkitektbolaget за Би-би-си.














