Поранешен агент на ЦИА ги откри 5-те најопасни земји на светот: „Таму не одете ни случајно“

Точка

09/12/2025

16:20

1.273

Големина на фонт

а а а

Поранешниот агент на ЦИА, Џон Киријак, открил кои земји моментално ги смета за најопасни на светот, присетувајќи се на патувањата кои завршиле со трагедија.

Стејт департментот веќе ги предупредил граѓаните на САД да ги избегнуваат земјите од „ниво 4“ и да не патуваат во Иран, Украина, Судан, Сирија и Русија поради војни, немири, тероризам и ризик од киднапирање или неосновано апсење.


Киријак за „LADBible Stories“ изјавил дека посетил 72 земји додека работел за ЦИА и дека „скоро сите биле ужасни“, спомнувајќи дека никогаш „не добил можност да оди на убави места“.

Како најопасни земји на светот ги наведува Јемен, Сомалија, Газа, Авганистан и делови од Пакистан, истакнувајќи дека лицата кои ги посетуваат тие земји постојано мора да внимаваат.

Како пример, Киријак ги опишал своите патувања во Јемен, вкупно пет, спомнувајќи дека секоја наредна посета била полоша од претходната. Земјата моментално е под предупредување на ниво 4 поради немири, криминал, здравствен ризик, киднапирање, тероризам и „друго“.

Катастрофални последици и за дипломатите и за цивилните патници

Во текот на неговата последна посета на Јемен, на оперативците на ЦИА им било дозволено да престојуваат само во еден хотел опкружен со ѕид отпорен на бомби, висок девет метри. Денот после неговата посета, група јужнокорејски дипломати паднале во заседа на пат од аеродромот до хотелот и сите шест дипломати биле убиени во напад.

Неколку денови подоцна, јужнокорејски новинари пристигнале во Јемен за да ги истражат убиствата, но и тие паднале во заседа и биле убиени.


„Јужнокорејците само ја затворија својата амбасада и си заминаа дома. Тоа е прилично опасна земја“, изјавил Киријак.

Неговото сведочење дополнително истакнува дека нестабилноста во некои региони може да има катастрофални последици и за дипломатите и за цивилните патници.

Говорејќи за глобалната безбедност и односите меѓу државите, Киријак предупредил дека ситуацијата денес е исклучително нестабилна. Заклучил дека меѓународните односи моментално се напнати и дека тешко може да се предвиди како ќе се развиваат работите.