Популарниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ започнал бизнис којшто не се развива онака како што планирал тој.
Легендарниот фудбалер добил идеја да се позанимава со еден друг спорт, но не како играч.
Паделот важи за еден од најбрзорастечките спортови ширум планетата, а Ибрахимовиќ имал идеја светот на паделот да го внесе и во Шведска и да го издигне на повисоко ниво.

Златан вложил повеќемилионски износ во развој на овој спорт во својата земја. Отворил центри во неколку градови преку својата мрежа „Padel Zenter“.
Процената била дека популарноста на спортот ќе расте со непроменета брзина, но фудбалерот на најтежок можен начин дознал дека истата е погрешна.
Побарувачката за термини за играње падел значително се намалила во Шведска која сега има премногу терени.

Во момент кога паделот пристигнал во земјата, бил претставен како „златен спорт“. Ибрахимовиќ е една од јавните личности која учествувала во промоција на тој спорт, но сега се наоѓа во проблем.
Според наводите од Шведска, најголемиот проблем е фактот што цените на термините останале високи и тогаш кога интересирањето почнало да се намалува, а тоа само го забрзало падот.

Во обид да ја спаси ситуацијата колку што е можно, Златан отворил падел центар во Милано.