[ФОТО] Краток шорц и секси чизми: Сите погледи во трговскиот центар биле вперени кон познатата пејачка

Супермен

11/12/2025

18:26

780

Големина на фонт

а а а

Претпразничниот шопинг изгледа прилично добро кога станува збор за поп-пејачката Кристина Агилера.

44-годишната пејачка секако знае како да привлече внимание, а нејзините омилени чевли дефинитивно се чизмите над колена. За претпразнично купување подароци, пејачкатта секако ги избрала најдобрите продавници, како што се Прада и Ив Сен Лоран. Што се однесува до нејзиниот аутфит, повторно се решила за чизми над колена со високи потпетици, веднаш под задникот, заедно со краток кожен шорц и предимензионирана јакна.


Особено се истакнала и нејзината долга руса коса, а пејачката изгледот го надополнила со црн качкет, црвена чанта и очила за сонце.


Агилера е позната по тоа што често носи комбинации кои вклучуваат мини здолништа и чизми над колена. Па така на почетокот од оваа недела, за гостувањето во емисијата на Џенифер Хадсон, избрала високи црвени чизми од Лобутин во комбинација со бело-црвен мини фустан.


Со оглед на тоа дека ослабела многу, пејачката честопати беше обвинувана дека користела Оземпик. Иако таа директно не одговорила на овие тврдења, претходно изјавила дека повеќе не ѝ е грижа за јавните коментари за нејзиното тело.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk