[ФОТО] Ретро елката на Деми Мур ја враќа традицијата: Доколку сте љубители на класиката и тивкиот луксуз, нејзината идеја ќе ве инспирира

Точка

13/12/2025

14:00

1.278

Големина на фонт

а а а

Холивудската ѕвезда не ангажира дизајнери на ентериер да го средат нејзиниот дом пред празниците туку ужива со своите ќерки да ја украсува куќата и да кити елка, а во тоа пристапува со многу креативност, фантазија и љубов.

Изминативе години во новогодишната декорација е популарен минимализмот, а во последно време сѐ почесто се бира и другата крајност – експлозија од бои, различни облици, предимензионирани украси.

Кога станува збор за актерката Деми Мур, таа го преферира тоа првото, а минатата година покажала дека нејзината новогодишна елка е пример за сведеност, стара атмосфера и естетика на тивкиот луксуз.


Актерката има повеќе недвижнини, а минатата година покажала дека во домот во којшто ги поминала празниците накитила вештачка елка, но прилично уверлива, така што на прв поглед изгледа природно.

Деми ја украсила со старински украси, во облик на чајници, Дедо Мраз... Станува збор за укаси со приближна големина, судејќи по дизајнот од истиот сет инспириран од старинските декорации.

Со украсите Деми не претерала, па елката изгледала сведено, не пренатрупано, а декорацијата ја заокружила со сијалички во златна боја.

Сезонава класиката е во мода

Носталгијата е еден од најнагласените трендови кои годинава се користи кога станува збор за украсување на домот за новогодишните празници, а на социјалните мрежи најмногу се говори за естетиката на „Ralph Lauren“ која доминира на социјалните мрежи и е во духот на винтиџ стилот, традицијата и домаќинската атмосфера.


Карираните дезени, удобноста, топлината, чувството на свеченост помешано со комфор, панделки и кадифени материјали – апсолутно доминираат.