Крај на нарачувањата на евтини пакети од „Temu“ и „Shein“: Се воведува такса на мали пратки од Кина, еве колку ќе плаќеме и кога

Точка

13/12/2025

14:46

912

Големина на фонт

а а а

Европските министри за финансии постигнаа прелиминарен договор за воведување задолжителна царина во висина од три евра за сите пратки вредни помалку од 150 евра. Мерката најмногу ќе влијае на кинеските онлајн трговци на мало, како што се „Shein“ и „Temu“, кои доминираат на малиот пазар на прекугранична е-трговија во Европската унија.

Договорот е постигнат во петокот, а се планира новата царина да почне да се применува од 1 јули 2026 година. Станува збор за пакети кои сочинуваат до 93 отсто од вкупната е-трговија во ЕУ.


Огромен прилив на пратки од Кина

Според податоците на Европскиот економски и социјален комитет, во Европа секојдневно пристигнуваат околу 12 милиони мали пакувања, главно облека, козметика и играчки, кои се нарачуваат од Кина преку популарните онлајн платформи. Европските власти предупредуваат дека постојниот праг од 150 евра, под кој пратките не се царинат, ги става домашните трговци во неповолна положба, но и претставува потенцијален ризик за здравјето и безбедноста на потрошувачите.

Замерки за кинеските онлајн платформи

Кинеските продавачи често се критикувани за непочитување на стандардите за здравје и безбедност кои важат во Европската унија. Стоките што се продаваат преку апликациите „Shein“ и „Тemu“ доаѓаат од производители со пониски трошоци за производство, меѓу другото тие не подлежат на истите обврски за тестирање и рециклирање вратени стоки како производителите во ЕУ.

Овие платформи растат на популарност и во регионот, особено во услови на пораст на цените на храната, енергијата, становите и облеката. Привремената спогодба за воведување фиксна царина од три евра ќе важи додека официјално не се укине прописот со кој се дозволува ослободување од царина за пратки под 150 евра.


Министрите за финансии на ЕУ уште во ноември се согласија дека ова правило треба да се укине, но неговото целосно спроведување ќе зависи од формирањето на Царинскиот центар за податоци на ЕУ.

Центар на царинските податоци на ЕУ

Новите правила ќе стапат на сила кога ќе се воспостави централната дигитална платформа за царинска контрола, која се очекува да биде пуштена во употреба во 2028 година. Во моментов се преговара за формирање на овој центар меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент, како дел од пошироката реформа на царинскиот систем на Унијата. Кога центарот ќе биде целосно функционален, ќе овозможи поефикасна контрола и наплата на царина за сите пакети што влегуваат на пазарот на Европската унија.