[ФОТО] Роналдо влегува во актерските води, ќе му се приклучи на Вин Дизел во серијалот „Fast & Furious“

Точка

13/12/2025

18:40

307

Големина на фонт

а а а

Сите веќе знаеме дека Португалецот Кристијано Роналдо е вистински „мултипрактик“. Покрај маестралната кариера која трае и денес, и покрај фактот дека има 40 години, Роналдо е подготвен да зачекори во ново, барем засега за него ново поле.

Имено, популарниот актер Вин Дизел на социјалните мрежи објави фотографија со фудбалерот, која собра повеќе од 1,8 милиони лајкови.

Покрај фотографијата, актерот напиша:


„Сите прашуваа дали тој ќе биде дел од ‘Fast’ митологијата. Морам да ви кажам – тој е вистинскиот. Напишавме улога само за него“, напиша Дизел и го означи Роналдо во објавата.

И самиот Роналдо веќе направи конкретни чекори кон филмската индустрија.

Во април годинава, напаѓачот на Ал-Наср се најде на насловните страници кога заедно со познатиот британски режисер и продуцент Метју Вон основаше сопствено филмско студио.