[ФОТО] Јасна порака за Аморим: Братот на Мејну привлече внимание со маичката на „Олд Трафорд“

Дерби

16/12/2025

07:47

389

Големина на фонт

а а а

Натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Борнмуг го задржа цело внимание на теренот на кој видовме дури осум погодоци, но англиските новинари не пропуштија и да издвојат еден момент кој привлекол многу внимание на трибините.

Ремито со резултат 4:4 уште отсега ќе биде кандидат за натпревар на сезоната во англиската елита, а покрај евидентните проблеми во одбрана кои ги има за решавање, Рубен Аморим мора да се справува и со очигледно незадоволство кое владее кај Коби Мејну и неговото потесно семејство.

Младиот играч за врска се мачи да добива минутажа и по се изгледа ќе мора да бара излез во месец јануари, а такво нешто побара и неговиот брат.


Џордан Мејну се појави со маичка на која имаше директен натпис за менаџерот Рубен Аморим, па токму оваа порака им привлече внимание на новинарите кои и онака имаа доста работа додека известуваа за случувањата на теренот.

– Слободен Коби Мејну, – гласи буквалниот превод на натписот, а медиумите ја протолкуваа оваа порака како директна најава за ослободување во јануарскиот преоден рок.