Енцо Мареска од 2024 година е на кормилото на премиерлигашот Челси, период во кој клубот под негово водство направи исчекор и освои две важни титули во Конференциската лига на УЕФА и Светското клупско првенство.
Меѓутоа во оваа сезона се очекува „сините“ повторно да напредуваат, да бидат конкурентни за самиот врв во Премиер лигата и да играат значајна улога во Лигата на шамппионите, но Челси се соочува со одредени проблеми и проблем е констатноста, па од крајот на минатиов месец до 9 декември екипата врза четири натпревари без победа, па така откако беше добиен Евертон, менаџерот Мареска даде една неочекувана изјава што секако донесе реакции пред се од јавноста, аналитичарите.






