Скопјанец останал без својот велосипед откако го оставил незаклучен пред маркет во населбата Капиштец, среде бел ден.
На снимката од безбедносна камера јасно се гледа како непознато лице пристигнува пеш, мирно го зема велосипедот и се оддалечува со него во непознат правец.

„На видеово е фатен моментот кога ова лице ми го краде точакот пред маркетот Стокомак во скопски Капиштец. Ако некој има информација за идентитетот на лицето, замолувам да ми пише или да го пријави во најблиска полициска станица. Благодарам однапред!“, пишува Јован Грповски на Фејсбук.







