Еве колку заработија Пол и Џошуа од борбата

Точка

20/12/2025

11:02

825

Големина на фонт

а а а

На британскиот тешкаш Ентони Џошуа му беа потребни шест рунди за да го нокаутира јутјуберот и боксерски почетник Џејк Пол, во меч кој уште од самиот почеток беше најавуван како еден од најнерамноправните во историјата на боксот. Пол најголемиот дел од борбата го помина избегнувајќи директен судир, но на крајот сепак потклекна пред силата на двократниот светски шампион.

Џошуа делуваше сè пофрустрирано додека Пол ја избегнуваше борбата и „танцуваше“ низ рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и го собори јутјуберот-боксер двапати во петтата рунда. Пол повторно заврши на подот и во шестата, пред Џошуа да зададе силен и чист десен удар кој нагло ја заврши надреалната ноќ во „Kaseya Center“ во Мајами.

Голема заработка за слаб бокс

Ова беше борба во која не видовме врвен бокс, но затоа борците од неа заработија исклучителна сума пари. Според информации од повеќе извори, Џошуа и Пол братски го поделија износот од 184 милиони долари, што значи дека секој од мечот излезе побогат за 92 милиони долари.


„Лудо се забавував, а Ентони Џошуа е одличен борец. Ме победи, но тоа е спортот. Вилицата ми е скршена, но нема врска. Ќе се вратам и ќе ја освојам титулата светски шампион“, изјави Пол по борбата.