Тунелот Вишњове во Словачка, чија изградба започнала пред 27 години, беше отворен во недела со божиќен пазар во словачкиот регион Жилина.
Тунелот, со своите 7,5 километри е најдолгиот тунел во Словачка и седмиот во Европа.
Бројни граѓани присуствувале на церемонијата на отворање на тунелот, кој се смета за еден од најпредизвикувачките инфраструктурни проекти во земјата.

Проектот се соочил со години одложувања поради тешките геолошки услови во регионот и постојаните проблеми со градежните компании.

Историјата на тунелот Вишњове датира од 1998 година, кога тогашниот премиер Владимир Мечијар го иницирал проектот.

Следувале години хаос со проектот, кога овој дел од автопатот првично требал да се изгради во рамки на јавно-приватно партнерство (ЈПП).
Откако овој план бил отфрлен во 2010 година, словачко-италијанскиот конзорциум „Духа и Салини Импрегило“ го добил договорот вреден речиси 500 милиони евра во 2014 година. Работата на тунелот започнала во јуни 2015 година.






