[ВИДЕО] Познатиот спортист удри навивач со тупаница во глава! Му пријде за време на натпревар, па немилосрдно го удри во лице – за овој скандал зборува целиот свет!

Точка

22/12/2025

18:31

489

Големина на фонт

а а а

Фаќачот на Питсбург Стилерс, Ди Кеј Меткалф, се најде во центарот на вниманието по несоодветен инцидент за време на натпреварот против Детроит Лајонс, кога физички нападнал еден навивач на домашниот тим.

Сè се случило на самиот почеток од мечот, кој Питсбург на крајот го доби и со тоа направи голем чекор кон пласман во плеј-офот. Камерите го забележаа моментот кога Меткалф се приближува до трибините, го фаќа навивачот на Детроит за маицата и потоа го удира со тупаница во глава.

Според снимката што брзо се прошири на социјалните мрежи, ударот не бил силен, бидејќи навивачот потоа ги кренал рацете и гестикулирал како да го провоцира фаќачот на Стилерс, дополнително разгорувајќи ја тензијата.

Подоцна се огласи и навивачот кој беше во центарот на инцидентот, откривајќи што му претходело на конфликтот и зошто, според неговите зборови, Ди Кеј Меткалф реагирал така како што реагирал.

„Го нареков Декајлајн Закариус Меткалф. Очигледно не го сака своето вистинско име. Поради тоа ме повлече и ме удри. Бев шокиран. Не мислев дека ќе оди толку далеку. Сакав само да го извадам од такт – мојата цел беше Детроит да победи“, изјави навивачот.