Русија синоќа изврши масовен напад со беспилотни летала и ракети низ Украина, потврди претседателот Володимир Зеленски, наведувајќи дека во нападите биле користени повеќе од 600 беспилотни летала и повеќе од 30 ракети. Најмалку три лица беа убиени во нападите, вклучувајќи и четиригодишно дете, објави Би-Би-Си.
Зеленски рече дека руските напади биле насочени кон енергетскиот систем, цивилната инфраструктура и, како што изјави, „во суштина целата инфраструктура на секојдневниот живот“. Тој додаде дека воздушните напади се уште се во сила во поголемиот дел од земјата и дека сите служби за итни случаи се ангажирани во справувањето со последиците од нападите.
Since last night, Russia has been carrying out a massive attack on Ukraine – primarily targeting our energy sector and civilian infrastructure, essentially the entire infrastructure of daily life. Over 650 drones have already been launched, a significant number of them “shaheds.”… pic.twitter.com/mbmt2nFyDT
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 23, 2025
„Нападите во пресрет на Божиќ, кога луѓето едноставно сакаат да бидат со своите семејства, дома и безбедни, испраќаат исклучително јасна порака за приоритетите на Русија“, рече Зеленски. „Путин сè уште не разбира дека мора да престане да убива. А тоа значи дека светот не врши доволно притисок врз Русија“, рече украинскиот лидер, кој бара од западните сојузници да воведат построги санкции врз Русија и да ја зголемат помошта за Киев.
Според украинските власти, четиригодишно дете починало во регионот Житомир, каде што било однесено во болница по руски воздушен напад, но лекарите не можеле да му го спасат животот. Уште пет лица се повредени, изјави шефот на регионалната администрација, Виталиј Бунечко.
Претходно, 76-годишна жена загина во регионот Киев, во близина на Вишгород, откако ракета погоди куќа, додека три лица, меѓу кои и 16-годишник, беа повредени. 72-годишен маж беше убиен во Хмелницки, на западот од земјата, а беа пријавени и прекини на електричната енергија.
Кожна друга пожежа на Донеччині виникає внаслідок російських обстрілів Горять житлові будинки та об’єкти цивільної інфраструктури. Як рятувальники під ворожим прицілом приборкують вогонь і ліквідовують наслідки ударів - дивіться у відео ⤵️ pic.twitter.com/qEjYDl3Yh4
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 22, 2025
Украинскиот оператор на електрична мрежа „Укренерго“ објави дека во неколку региони се воведени итни прекини на електричната енергија. Министерството за енергетика соопшти дека работата за враќање на снабдувањето со електрична енергија ќе започне штом безбедносната ситуација ќе дозволи. Прекините на електричната енергија доаѓаат додека температурите се приближуваат до нула, а се очекува Киев да достигне под нулата во наредните денови.
Нападите предизвикаа реакции и во соседните земји. Полска крена борбени авиони и стави во состојба на готовност системи за воздушна одбрана за да го заштити својот воздушен простор, нешто што Варшава редовно го прави за време на големите руски напади врз Украина.
Зеленски претходно предупреди дека е „во природата на Русија“ да извршува големи напади за време на божиќните празници, особено на 23, 24 и 25 декември. Минатата година, Русија изврши моќен ракетен и беспилотен напад врз украинската енергетска инфраструктура на Божиќ, што Зеленски во тоа време го опиша како „свесен избор“.
До 2023 година, Украина го славеше Божиќ на 7 јануари според јулијанскиот календар, кој го користи и Русија, но од минатата година, Божиќ во Украина се слави на 25 декември.















