Калчолигашот во зимска акција: Интер мерка неколку играчи како замена за Дамфрис

Дерби

24/12/2025

10:56

153

Големина на фонт

а а а

Интер веќе некое време не може да смета на услугите на Дензел Дамфрис, пауза која ќе потрае и токму поради тоа калчолигашот планира да се активира и донесе соодветна замена во зимскиот преоден рок.

Холанѓанецот би требало да се врати во март што е долг период, па така според „Газета Дело Спорт“ клубот од Милано има идентификувано, пикирано неколку играчи меѓу кои ќе се бара опцијата за позицијата десен бек, винг-бек.

Еден од нив е Раул Беланова (Аталанта), играч кој веќе има настапувано за Интер во сезоната 2022-2023. На краткиот список се уште Брук Нортон-Кафи од Џенова, Идриса Туре од Пиза и Хрватот, Морис Валинчиќ.