Сан Антонио доби уште една битка со шампионот, нов убедлив пораз на Лејкерс

Дерби

24/12/2025

11:17

101

Големина на фонт

а а а

Екипата на Сан Антонио Спарс издвојува уште една победа над актуелниот НБА шампион Оклахома Сити Тандер.

Пред десеттина дена составот од Тексас славеше над ОКЦ во полуфиналето на НБА Купот, а рано утрово во својот дом го реши истиот овој ривал со 130:110.

Домаќините беа расположени за игра, а најдоброто од нив дојде во завршните 12 минути кои ги реализираа со 43:28. Вембањана на ова соочување постигна скромни 12 поени за него, но затоа резервистот Џонсон уфрли 25 и беше лидер во оваа победа.

Кај поразените Шеј немаше соодветна поддршка и залудни беа 33 поени од негова страна.

Лос Анџелес Лејкерс претрпе уште еден убедлив пораз, односно по Клиперс ги надигра и Феникс Санс. Тимот од Аризона воден од своите навивачи славеше со 132:108 во меч во кој комплетната стартна петорка беше двоцифрена. Брукс беше прв стрелец со 25 поени, Букер запиша дабл-дабл од 21 поен и 11 асистенции.

Џејмс со 23 беше прво име кај гостите за кои поради повреда не настапи Дончиќ.

РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Вашингтон 126-109

Филаделфија – Бруклин 106-114

Атланта – Чикаго 123-126

Кливленд – Њу Орлеанс 141-118

Индијана – Милвоки 94-111

Мајами – Торонто 91-112

Далас – Денвер 131-130

Минесота – Њујорк 115-104

Сан Антонио – Оклахома 130-110

Феникс – ЛА Лејкерс 132-108

Јута – Мемфис 128-137

Портланд – Орландо 106-110

Сакраменто – Детроит 127-136

ЛА Клиперс – Хјустон 128-108