Вотсон ја упропасти мајсторијата на Јокиќ: Повторно би го направил истото

Дерби

24/12/2025

11:19

208

Големина на фонт

а а а

Денвер Нагетс на драматичен начин загуби од Далас Маверикс на мечот кој рано утрово се одигра во НБА лигата.

Ова беше дуел во кој двете екипи добија во две четвртини и решаваше една топка, поточно победата можеше да заврши како кај домаќините така и кај гостите.

Тимот од Колорадо го имаше последниот напад, Мари го проигра Јокиќ кој буквално успеа да ја собере комплетната петорка на Далас и ја испрати топката до осамениот Вотсон кој имаше отворен шут за три поени, ама промаши и Мавси се израдуваа на триумф од 131:130.

Некои го критикуваат Јокиќ зошто тој не го земал последниот шут, а Србинот испрати порака во негов стил.

- Мислам дека беше многу добар шут. Не влезе. Мислам дека беше правилен потег и би го направил тоа повторно, - искоментира центарот.