Васил Рингов останува македонска и југословенска легенда и по својата смрт, а во ситуација кога цела јавност е трогната од смртта на саканиот Васе, со свое проштално соопштение се јави и најпознатата навивачка група на Вардар.
Како вардарова легенда која остави посебна трага во најтрофејниот македонски клуб, Рингов беше неизмерно сакан и ценет од сите навивачи, а во моменти на голема неизвесност за клубот, Васил дури и се расплака за Вардар при едно гостување во „ТВ24“.
„Комити“ не пропуштија да ја започнат својата проштална порака со легендарната фраза на својата сакана легенда, која вечно ќе остане во сеќавање на сите оние кои уживаа во неговите фудбалски мајстории, но ги препознаваа и човечките квалитети.
– Толку тешко ви паѓа за Вардар? – Многу!
– Со огромна тага се збогуваме со една од најголемите легенди на клубот, од човекот со кој израснаа генерации, дел гледајќи го, дел растејќи со приказните за него, од човекот кој имаше став додека многумина стоеја на страна, од големиот Васил Рингов! Изразуваме сочувство до семејството и пријателите, до целата црвено-црна јавност, затоа што оваа болка е заедничка! Ние не забораваме, вечно ќе се памети Ринговата мајсторија!
„Толку тешко ви паѓа за Вардар? – Многу!“
Со огромна тага се збогуваме со една од најголемите легенди на клубот, од...
Posted by Komiti Skopje on Tuesday, December 23, 2025







