Дончевски се збогуваше со Рингов: За мене секогаш ќе бидеш…

Дерби

24/12/2025

11:55

251

Големина на фонт

а а а

Македонската и балканската фудбалска сцена вчера остана без едно големо име, икона, легендарниот Васил Рингов.

Струмичанецот почина во 70. година од животот и ги остави во шок, тага сите негови познаници, пријатели, луѓе со кои имаше можност да соработува.

Еден од нив е поранешниот македонски селектор и екс тренер на Вардар, Андон Дончевски кој со писмо се прости од Рингов.

- Васил Рингов за мене секогаш ќе биде повеќе од големо фудбалско име. Имавме среќа да соработуваме заедно јас како тренер, а он како капитен во време кога апсолутно доминиравме низ цела Југославија. Можевме да го гледаме на терен мирен и сигурен, а во исто време решителен и храбар со застрашувачки удар и многу прецизен центаршут.

- Се сеќавам на денот кога дојде од Тетекс и на првите подготовки во Крушево, додека бевме во Втора лига. Уште тогаш се гледаше дека станува збор за фудбалер од посебен калибар кој ќе го преземи товарот и го вратиме Вардар онаму каде и заслужува да биде. Верував дека тој го постигна еден од најважните голови за Вaрдар – иако чудно, со глава – гол што значеше многу повеќе од резултат. Таквите моменти не се забораваат. Таквите луѓе не се заменуваат.

- Почивај во мир, Василе. Честа беше да соработуваме, гледаме и да те паметиме.

Вечна ти слава, - порача Дончевски.